Курц заминува од позицијата канцелар на Австрија

Австрискиот канцелар Себастијан Курц објави дека ќе поднесе оставка.



Младиот канцелар одлуката ја донесол неколку дена откако обвинителите започнаа кривична истрага за наводите дека користел федерални пари за да ги исплати анкетарите и новинарите за поволна покриеност.

Овој потег дојде откако партнерите на Курц во владата се заканија дека ќе ја напуштат коалицијата доколку неговата конзервативна Народна партија не го замени од канцеларската позиција.

„Признавам дека тоа не е лесен чекор за мене“, им рече Курц на новинарите на прес -конференција во Виена.

„Мојата земја е поважна од мојата личност. Потребна е стабилност“, изјави Курц за одлуката.