Вечерва слетува првата група бегалци од Авганистан во Скопје

Вечерва на аеродромот во Скопје ќе пристигне првата група бегалци од Авганистан, јави Алсат М.



“Како што соопштија пред малку од Владата, во тек е акредитација на новинарски екипи кои сакаат да го проследат настанот. Засега не се наведува за колку лица станува збор. Според последните информации до Македонија се пристигнати околу 800 барања за овозможување на привремен престој за граѓани од таа земја”, пишува телевизијата.

Ситуацијата со болеста одзема премногу животи

Во Тетово за една вечер од Ковид-19 починале 7 граѓани