И по 5 месеци истрага, Русковска се уште ги нема собрано доказите за кртовите во МВР кои ја “провалија” акцијата Планина и овозможија бегство на клучните организатори на дилерската мрежа во Скопје.

Официјално во истрагата се уште се бараат „кртовите“ во МВР, односно високи полициски службеници кои на криминалците им откриле дека се цел на апсење по што тие побегнаа. Дел од осомничените беа на распит во ОJO но никој од кртовите не е уапсен.
На почетокот на август, по поминати 5 месеци во притвор, седуммина нарко дилери ја признаа вината и се спогодија со обвинителството.
Непознато е дали Обвинителството успеало од обвинитетите да добие и податоци за кртовите во МВР кои се на долгогодишната листа на корумпирани полицајци кои ги плаќа скопската нарко мафија.
За оваа група лани говореше и техничкиот министер Наќе Чулев но обвинителството на Вилма Русковска засега не успева да ги обвини.
Судејќи по сликите на социјалните мрежи кои се постирани од осомничените и обвинетите нарко дилери од село Грчец, лесно се заклучува дека истите имаат своја улога во локалните избори и изборот на градоначалник во Сарај и зголемување на контингентот на гласови за Град Скопје.






