18 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 3.470 тестирања. Новите случаи по градови се регистрирани во Тетово – 8, Скопје – 4, Гостивар и Охрид – по 2, Радовиш и Дебар – по 1.
Министерството за здравство бележи 5 оздравени пациенти, а не се регистрирани починати пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.882, бројката на оздравени пациенти е 150.159, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 236.





