Хеликоптер Ми-8 се урна во регионот Краснојарск во Сибир, при што загинаа 15 патници и 3 членови на екипажот.
Хеликоптерот, на авиокомпанијата Утаир, пренесувал работници на платформа за нафта.
Несреќата се случила кратко време по полетувањето, резервоарите биле полни со гориво што беше и причина по „тешкото слетување“ целосно да изгори.
Според руските медиуми, пред несреќата, хеликоптерот со пропелерот имал „контакт“ со друг хеликоптер кој не претрпел штета.





