Кумуцакос: За „Македонија“ нема место во ЕУ и НАТО!

Грчката политика за името за ПЈРМ и перспективите на таа земја во НАТО и ЕУ, се утврдени во 2008 година под едноставната равенка : Нема решение (за името)= нема ни приклучување.



Така тврди Јоргос Кумуцакос, поранешен портпарол во грчкото Министерство на надворешни во времето на Дора Бакојани, актуелен европратеник и шеф на секторот за надворешна политика на опозицоната Неа Демократија, кој на Твитер се изјасни дека пристапувањето кон ЕУ и НАТО не е „политика на неодговорност“, алудирајки на позитивните сигнали демострирани од Атина и од новата владејачка гарнитура во Скопје.

Стотина афирмативни коментари доби Кумуцакос по објавата за неговиот поглед на политика кон Скопје која претпоставува, според него, Поранешната и така натаму… република , да прифати ново име, па дури потоа да разговара за евроатлантските аспирации, за што, треба да добие виза од јужниот сосед.

Прием под името „Македонија“, за Грција е неприфалив, вели актуелниот европратеник, шеф на дипломатскит сектор на опозиционата Неа демократија и гласноговорник на поранешната министерка за надворешни, Дора Бакојани.

Во една изјава по самитот на НАТО во Букурешт во 2008-ма, кога беше „бетониран“ ставот дека Македонија ќе биде примена во Алијансата кога ќе го прифат грчкото несогласување со сегашното  име, тогаш актуелната шефица на грчката дипломатија, Бакојани,изјави дека подготовките за дипломтко блокирањена ПЈРМ почнале уште во 2008-ма година.

„Твитот“ на Кумуцакос, доаѓа како контра на повиците од Скопје и од новиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров, базирани на уверувањето дека сепак е можен паралелен процес zа пристапување на Македонија кон ЕУ и НАТО, додека се разговара за „спорот“ со името.

Пред пред 22 години, есента 1995-та, Македонија прифати „разговори“ за името со Времената спогодба од есента 1995, што беше услов за прекин на грчкото политичко и економско ембарго кон северниот сосед воведено од премиерот Андреас Папандндреу.

Во тој период се вртеше приказна дека американскиот дипломатски „булдожер“ на Балканот, Ричард Холбрук, во исто време разговарал и со Глгоров и со „стариот“ Папандреу“ и изнудил отпочнување на дијалог за надминување на спорот околу името наметнат од Грција веднапш по осамостојувањето на македонија од Југославија со еферендумот во 1991 година.

Разговорите за името, кои можеа да бидат прекинати по седум години, продолжуваат, откако ни една од од двете страни, не го побара тоа.

Во „Интерим акордот“, што би рекле страницте, Грција и Македонија се наведени како „прва„ и „втора“ страна кои разговараат за разликите околу името кои и сега се водат со посредство на Метју Нимиц.

За Кумуцкос се шпекулира дека е извесен иден министер за надворешни работи на Грција, кога Неа демократија ќе се врати на власт.