Венецискиот филмски фестивал, подобро познат како Мостра е местото каде што овие денови се собираат најголемите ѕвезди на филмската индустрија. Меѓу филмовите што беа премиерно прикажани како дел од 74. издание на фестивалот, беше прикажан и филмот “Loving Pablo”.
Главните улоги во филмот за љубовната врска на Пабло Ескобар и Вирџинија Ваљехо ги интерпретираат сопружниците Хавиер Бардем и Пенелопе Круз. Брачната двојка присуствуваше на премиерата на филмот, но Пенелопе беше таа што со својата појава го украде целото внимание.

Пенелопе носеше гламурозна вечерна креација во бела боја, со многу длабоко деколте, украсена со пердуви и блескави циркони, а белата боја на фустанот беше дополнително нагласена од маслинестиот тен на прекрасната актерка.




