Иако изгледаше дека се е загубено за скок на македонската А фудбалска репрезентација од петтото до четвртото или третото место на „Г“ квалификациска група за СП во Русија, шанси се уште постојат.
Всушност во нашата група има непознати само околу пласманот на средината зошто Шпанија е сигурно прва и со оглед на квалитетот, нема да пропушти директно да се упати на мундијалот, а Италија и по поразот во Мадрид во саботата не е загрозена за второто место и баражот. Но затоа, Албанците кои се трети и во моментов имаат голема разлика во однос на Израел и на нас (3 и 6 бода) и не се најсигурни бидејќи треба да се знае дека тие по денешниот дуел во Струмица, а тоа е од 8 коло, имаат два тешки дуела со водечките. За разлика од нив Израел и ние имаме по еден меч со аутсајдерот во групата Лихтенштајн кој до сега ги загуби сите натпревари, а се освен 0-10 за него ќе биде големо изненадување. Затоа од саботата, од нашиот триумф со Израел (1-0) и особено пред денешниот меч со Албанија во Струмица е евидентно дека се е отворено околу позициите три и четири во конкуренцијата Г.
Двојки:
МАКЕДОНИЈА-АЛБАНИЈА (20.45)
ЛИХТЕНШТАЈН-ШПАНИЈА (20.45)
ИТАЛИЈА-ИЗРАЕЛ (20.45)
Табела:
ШПАНИЈА 19
ИТАЛИЈА 16
АЛБАНИЈА 12
ИЗРАЕЛ 9
МАКЕДОНИЈА 6
ЛИХТЕНШТАЈН 0





