Новак Ѓоковиќ и неговата Јелена го добија второто дете доцна синоќа. Сопругата на најдобриот српски тенисер донесе на свет ќеркичка која славната двојка и даде име Тара. Новак и Јелена веќе го имаат синот Стефан, кој наскоро ќе наполни три години.



Меѓу првите раѓањето на Тара Ѓоковиќ на среќните родители Јелена и Новак им го честиташе и Борис Бекер. Познатиот Германец, кој соработуваше со Новак како тренер во подолг период, испрати кратка порака која предизвика радост кај сите во славеничкото семејство, но наиде и на одобрување кај навивачите на Ноле.

Čestitke, za devojčicu Taru! Idemooo

„Честитки, за девојчето Тара! Одимеее“ напиша на српски јазик познатиот поранешен тенисер и тренер Борис Бекер и ги освои дополнително симпатиите на тенискиот свет.