Македонскиот претседател Стево Пендаровски призна дека може да се рамни со сите други претседатели од регионот освен со српскиот претседател Вучиќ.
“На секој балкански претседател му излегувам на мегдан, со Александар Вучиќ не можам, еве му признавам. Во сѐ е подобар од пруги до вакцини”, рече претседателот на државата Стево Пендаровски во „Само интервју“ на Кaнал 5.
Запрашан со што се вратил од посетата на Брисел, бидејќи српскиот претседател се вратил со грант од 600 милиони евра за брза пруга тој се обиде да објасни дека не бил економски промотор како од времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Пендаровски му ја симнува капата на српскиот претседател но не им се дава на претседателите на Бугарија, Албанија, Грција, Косово, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија или Турција.
“Со Алекасандар Вучиќ еве капа долу. Во таа дисциплина во која тој се натпреварува јас објективно нема што да барам, не можам со него да се споредам. Со сите претседатели можам, ама со Вчиќ не, за вакцините и за брзата пруга”, изјави Пендаровски.
Овој дел е на почетокот на интервјуто за Канал 5
https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/772392940307247/






