Летото ни е на заминување , но сезоната на разни инсекти сеуште трае, меѓу кои најголема опасност шират осите и стршните.
Следниот совет го објави еден долгогодишен пчелар, а кој го пробал потврдил добри резултати:



Со себе треба да имате андол или аспирин во таблети.

Едноставно навлажнете ја таблетата и ставете ја на местото каде ве каснал инсект.

Држете ја така минута, а потоа отстранете ја од местото на убодот.

На тој начин, како што се тврди, ќе спречите болка и отекување.

Сепак, во случај на каснување, најдобро е да побарате помош од лекар.