16 години од загинувањето на Тоше Проески

Проески трагично го загуби животот на 26-годишна возраст на 16 октомври 2007 година, во страшна сообраќајна несреќа што се случи кај Нова Градишка, на автопат во Хрватска.



Веста за неговата смрт го потресе целиот Балкан, а многумина и денес, 16 години подоцна, не можат да се помират со големата загуба.

Тоше Проески постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб 17 октомври беше прогласен за ден на национална жалост.