Дури 15 претставки се поднесени до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на измените на Законот за облигациони односи, кои беа донесени во јули оваа година.
До овие информации дојде Фактор од Уставниот суд, од каде потврдија дека се поднесени 15 претставки, а меѓу оние кои ја оспоруваат уставноста, според информациите, се и Адвокатската комора, потоа неколку поединечни адвокати, Нотарската комора, како и Комората на извршители. Она што е познато е и дека околу овие претставки веќе се оформени предмети, и за нив допрва ќе се испитуваат наводите, по што ќе може да се произнесат уставните судии.
Во поднесените претставки до Уставниот суд, освен преиспитување на уставноста на одредени членови во законот, се укажува дека со измените се создава нееднаква положба помеѓу должниците и доверителите, бидејќи казнената камата ја губи својата правна и финансиска смисла, што ќе има негативни последици. Ваквите измени ќе ги поттикнат неплаќачите на поголема финансиска недисциплина, а граѓаните и правните лица кои редовно ги подмируваат своите обврски се ставаат во нерамноправна ситуација.
Сознанијата на Фактор.мк говорат и дека покрај за Законот за облигациони односи, претставки има и за Законот за извршување. Дали сите поднесоци ќе се разгледуваат поединечно, или ќе се офопрми еден предмет, Уставниот суд набргу ќе го каже сввоето мислење.
Линк до целиот текст.







