14,7% инфлација во март, минималната кошничка над 50 илјади денари

Во март е измерена инфлација од 14,7 проценти. Тоа го покажува порастот на индексот на трошоците на животот во однос на истиот месец лани. Кај индексот на цените на мало исто така има пораст – од 10,7  насто. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, мартовскиот индекс на трошоците на животот и индексот на цените на мало споредено со февруари изнесува 99.9.



Намалување на цените е регистрирано кај лебот и житата за 4,7 отсто, кај млекото за 4,6, маслото и маснотиите за 2,4, сирењето и урдата за 2,2, свежото и разладеното овошје за 1,2, рибата и морските плодови за 0,8 и кај јајцата за 0,2 проценти.

Од Статистика информираат дека пад на цените е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 6,2, игрите, играчките и хобијата за 5,1, течните горива за домаќинствата за 2,5, информатичката опрема за обработка на податоците за 1,2, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,1, обувките за 1,0, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,7, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,6, моторните возила за 0,4, теписите и другите подни покривки, текстилот за домаќинствата за 0,2 отсто.

Линк до целиот текст.
https://pari.com.mk/inflacijata-vo-mart-147-procenti/