Во вечерашното издание на дебатната емисија “Само вистина” на Канал 5 гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на договорот со источниот сосед, ветото кое Македонија го доби како резултат на лошите политики на Владата, како и за 100 дена од формирањето на владината гарнитура на Зоран Заев.
Николоски вели дека Зоран Заев покрај тоа што го распродава македонскиот идентитет, тој исто така низ призма на преговорите турка и бизнис зделки врз грбот на граѓаните. Јасно е дека Зоран Заев ветувал и бизнис зделки на Бојко Борисов, а тоа се гледа по односот помеѓу двајцата лидери изминатиот период.
Имено, Зоран Заев ветувал дека бугарски капитал ќе влезе во Македонија преку рудникот Иловица, кој магично преку ноќ го промени сопственикот. Исто така им ветил една национална телевизија, акции во еден оператор мобилен, банка и слободно користење на општички кабел на една државна компанија. Тоа се работите кои Зоран Заев лично му ги ветил на Бојко Борисов, вели Николовски.
“Бугарските медиуми пред одреден краток период потврдија дека Зоран Заев поседува имот на Халкидики, Грција, а тоа само кажува за точноста на информациите за договорите помеѓу Заев и Борисов, како и со другите лидери, на кои не само што им ги исполни бизнис барањата, туку им го даде на тацна и македонскиот идентитет. Тоа е класично понижување на државата”, тврди Николоски.





