Гол маж му побегна на обезбедувањето на Олимпискиот стадион во Лондон, каде се одржува Светското првенство во атлетика и тоа само неколку минути пред финалето на 100 метри кај мажите. Супер фото финишот на Болт и Гетлин имаше предигра кога голиот, како од мајка роден, господин истрча 30-40 метри пред обезбедувањето да успее да го фати и да го изнесе од стадионот.
Мажот на градите имаше натпис „Мир + љубов“ и направи вистинско шоу кога прво вешто избега од еден од униформирани, а потоа кога беше фатен доживеа вистински овации од публиката.





