Бизнисменот Ванчо Орданоски, кој од владиниот Фонд за иновации доби огромна сума пари за иновација копирана од индиска фирма, со нова контроверзна јавна порака во која се користи смрт на еден човек.
„Умрел Бојо. Еден по еден се требат“, напиша на Твитер бизнисменот кој е брат на Сашо Орданоски, поддржувач на СДСМ и новинар кој го добил најбрзиот сертификат за безбедност, односно за пристап до државни тајни, во историјата на службите за безбедност.
Пораката на Орданоски се однесува на Бојо Андрески, лидер на Партијата на правдата, кој беше дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ до пред неколку години.
Ситењето на смрт за човек кој што се смета за политички противник не е новина на македонската политичка сцена, иако најголем дел од јавноста е убедена дека ваквата практика мора да запре, особено од луѓе кои добиваат огромни пари од буџетот кој го полнат граѓаните.
https://twitter.com/mindplumber/status/1327515020985511936?s=19






