Во Нови Сад денеска се одржа акцијата „Застани, Нови Сад“ во која од 11:52 до 12:06 часот, опозицијата и граѓаните одбележаа 14 дена од смртта на 14-те луѓе кои загинаа во несреќата на железничката станица во Нови Сад.
Во акцијата учествуваа и претставници на опозицијата во Белград со развивање на црно платно пред Собранието на Србија и со блокирање на сообраќајот, јавува Н1.
Граѓаните учествуваа во акцијата и застанаа мирно на бројни локации, односно на големите раскрсници, во центарот на градот, на булеварите и секаде каде што се нашле во моментот. Се слушаа сирени…






