Четиринаесет години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Во авионска несреќа што се случи на 26 февруари пред 14 години, загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и осумчлена македонска делегација, која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.



Членови на семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани денеска ќе положат цвеќе на неговиот гроб во Алејата на великаните на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Во авионската несреќа во 2004 година, покрај претседателот Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

Беа покренати две истраги за несреќата на владиниот „Кингер“ која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, И во двата извешти кои се разликуваат, сепак, како причина за падот на „кингерот“ се наведуват „пилотски грешки и други индиректни системски пропусти“.