130 израелски војници му пишаа на Нетанјаху: Доста ни е војување!

Во отворено писмо до премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, 130 израелски војници-резервисти соопштија дека одбиваат да служат доколку не се потпише договор за завршување на војната и враќање на 101 заложник што се уште се во Газа.



„За некои од нас „црвената линија“ е веќе помината, а за други брзо се ближи: денот кога со скршени срца ќе престанеме да се јавуваме на должност“, се вели во писмото.

Кога Хамас го нападна јужен Израел на 7 октомври минатата година, резервистот Јотам Вилк не беше повикан на воена служба – тој доброволно се пријави да се бори. Оттогаш, тој помина повеќе од 230 дена служејќи со израелската армија во Газа.

Но, сега одбива да служи.

Вилк е уморен од војна, но одлуката не беше лесно да се донесе:

Од една страна, одбивајќи да служи, тој се чувствува како да ги напушта заложниците и му дозволува на Хамас да владее со Газа, што, според него, го влошува животот на Палестинците.

Од друга страна, ако одговори на повикот, се плаши дека ќе учествува во војна која ќе заврши со уште една израелска окупација на Газа, со која не сака да има никаква врска.

И покрај изјавите на Нетанјаху дека нема да има населби во Газа, Вилк вели дека поддршката на владата за проширување на населбите на окупираниот Западен Брег предизвикува сомнеж за нејзините вистински намери.
Кабинетот на Нетанјаху вклучува екстремно десничарски министри кои повикаа на создавање израелски населби во Газа.

„Ме доведоа во ужасна ситуација. Се чувствувам предаден од сопствената влада“, вели Вилк.

И тој не е единствениот…