Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев планира да се сретне со неговиот македонски колега Талат Џафери.
Минчев, како што пренесе МИА, проверил во записникот на Народното собрание на Бугарија дека средба на двајцата претседатели на парламенти немало од март 2009 година
Според него, имало идеи и покани за средби во 2010 и 2018 година, но тогашните претседатели на бугарскиот Парламент Цецка Цачева и Цвета Карајанчева тоа не го направиле на билатерална основа.
Минчев смета дека е време да се направи ваква средба по толку долга пауза, особено во контекст на актуелните односи меѓу Бугарија и Македонија и одврзувањето на севкупниот јазол не само околу околу нејзината европска интеграција туку и евроинтеграцијата на регионот.






