Британските престолонаследници, принцовите Вилијам (35) и Хари (32) во новиот документарен филм зборуваат за последниот телефонски разговор со нивната мајка, неопсердно пред принцезата Дијана да умре.
Документарниот филм “Дијана, нашата мајка: Животот и наследството” ќе биде објавен по повод 20. годишнината од смртта на Дијана во сообраќајната несреќа штo се случи во Париз, на 31. август 1997 година.

Принцовите во документарецот не потсетуваат на смислата за хумор што ја поседуваше нивната мајка, а принцот Хари ја опиша и како “еден од најпосакуваните родители”. Тие, исто така, говорат за болката по разводот на нивните родители и како тие се справиле со веста за нејзината смрт и во периодот потоа.
“Хари и јас зборувавме со неа на телефон, но ние сакавме побрзо да го завршиме разговорот за да може да си играме. Кога би знаел што ќе се случи, разговорот ќе немаше да го сватиме толку лесно. Тој разговор ми се намалува во меморијата” изјави Вилијам пред камерата. Хари додаде дека последниот разговор го боли најмногу од сите.
“Она што го имаат на ум е дека во годините што доаѓаат, принцовите Вилијам и Хари треба да бидат среќни за да можат на своите деца да им пренесат која била нивната баба” рече извршниот продуцент Ник Кент.

Во филмот акцент се става на животот на Дијана и особено на нејзината добротворна работа, вклучувајќи ги тука кампањите за лечење од ХИВ и борбата со нагазните мини низ целиот свет. Во документарецот се избегнуваат контроверзните прашања околу вонбрачни врски.
Филмот “Дијана, нашата мајка: Животот и наследството” ќе биде прикажан на британската и американската национала телевизија денеска.





