МВР трага по градоначалник за предизборен поткуп

Полицијата трага по градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, и по лицето Лазо Кутуровиќ – Д’лгио поради давање на предизборен поткуп во Василево и во општините кои гравитираат околу Струмица, пренесуваат повеќе медиуми.



Неофицијално, Јавен обвинител веќе побарал мерка притвор за двајцата.

Според неофицијални информации на инфомакс.мк полицијата испратила покани до двајцата, но ниту еден не бил пронајден на нивните домашни адреси.

Пред неколку дена на социјалните мрежи се појави аудио снимка на која може да се слушне гласот на градоначалникот на Василево Марјан Јанев, како заедно со градоначалникот на Дојран зборуваат за предизборен поткуп и ветувања.