Финскиот европратеник Петри Сарвамаа ги собра потребните 120 потписи на петицијата со која се бара на Унгарија да ѝ се одземе правото на глас во Советот на ЕУ. Сарвамаа ова го објави на ‘X’.
Петицијата веќе има поддршка од 120 пратеници од различни политички групи во ЕП и неколку земји-членки. Така ќе биде поднесена на разгледување во ЕП, јави Еуроњуз.
„Ние сме еден чекор поблиску до одземање на правото на глас на Орбан… После тоа, би било многу важно да се процени конечната севкупна поддршка за идејата за петиција на пленарната седница“, рече Сарвама.
Според европратеникот, неговите предлози може да се вклучат во резолуцијата на Европскиот парламент за Унгарија, за која пратениците ќе гласаат следната недела.
Европратеникот предлага да се примени постапката во согласност со член 7, дел 2 од Договорот за ЕУ кој предвидува можност за суспендирање на одредени права, вклучително и гласање во Советот на ЕУ, во однос на земја која постојано ги прекршила вредностите на Европската унија.
Лидерите на земјите од ЕУ на 1 февруари треба да одржат нов состанок за прашањето за финансиската помош за Украина.
Во декември, унгарскиот премиер Виктор Орбан стави вето на пакетот помош од ЕУ.
Орбан постави услов, за деблокирање на четиригодишната финансиска помош за Киев – таа да се ревидира секоја година.
За време на дискусијата на Европската унија (ЕУ) за пристапувањето на Украина во блокот, германскиот канцелар Олаф Шолц демонстрираше „дипломатско решение“ на проблемот со унгарското вето за Украина:
Шолц, за време на гласањето го „извади“ унгарскиот премиер Виктор Орбан „на кафе“, а Украина ги доби сите преостанати 26 гласа „за“.






