12 членки на ЕУ ќе ја спасуваат Радио Слободна Европа

По одлуката на САД за повлекување на финансиската поддршка за Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ/РЛ) досега12 земји членки на ЕУ ја подржаа чешката иницијатива за нејзино финасирање, информира чешкиот министер за Европската Унија, Мартин Дворжак.



Според Дворжак, покрај Чешка, досега се приклучиле и Австрија, Белгија, Естонија, Германија, Данска, Летонија, Литванија, Словенија, Финска, Холандија и Шведска.

Чешкиот министер додаде дека преговорите за спас на станицата која е „сила за демократијата, човековите права и слободата на изразување“ се во тек, со „ветувачки“ перспективи.

Иницијативата за спас на РСЕ, Дворжак ја промовираше минатата недела на заседанието на европскиот Совет за општи работи, а за неа се расправаше и во рамки на Самитот на ЕУ одржан минатиот четврток

Дворжак оцени дека најдобро решение би било САД сепак се откажат од идејата за запирање на финансирањето, па затоа Чешка ќе се обиде да ги убеди американските претставници „да го преразгледаат овој потег“.

– Можеби резултатот ќе биде некаков компромис, па ќе можеме да преземеме само дел од финансирањето на европско ниво – додаде Дворжак. РСЕ