12 активни пожари, пожар се приближува кон Јасен

Активни се 12 пожари, а во изминатото деноноќие биле евидентирани вкупно 35 пожари на отворено од кои 23 се изгаснати.



Како што информира ЦУК, се уште активни се пожарите меѓу селата Драгоево и Селце и селата Пухче и Пиперово во општина Штип, пожарот кај армискиот полигон Криволак во правец на штипското рамниште, а од неготинска страна е ставен под контрола, како и пожарот кај селото Бадилен во општина Ново Село.

Пожар се приближува и кон Јасен имформираат од ЦУК.

– Пожарот се движи кон Тажево и ако ја помине линијата, сртот меѓу Борова Брезница и реката понорница Оча, ќе преставува опасен пожар што тешко се гасне заради присуството на густа шумска вегетација, а теренот е под агол од околу 50/60 степени со голема длабочина, што освен што е непристапен за ПП сили по земја, тешко пристапен е и за ПП воздухоплови. На терен имало во прво излегување тим од 4 вработени од Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“, а од утрово тој број е зголемен, на терен со уште 10 вработени и други лица (најмалку 15 луѓе) задно со директорот, а имало и едно теренско возило што било специјализирано за гаснење шумски пожари. Планирано е да интервенираат од ТППЕ Македонски Брод од ЈП „Национални шуми“ подружница Македонски Брод и се планирало да се побара да се активираат летала за гасење од воздух (Општина Македонски Брод).

Активни пожари има и меѓу селата Габровник и Мокрени и меѓу Јаболчишта и Дреново во општина Чашка, меѓу селата Сирково и Мрзен Ораовец во Росоман, кај селото Фалиш во општина Кавадарци, селото Небрегово во општина Долнени, кај Пашин мост во општина Велес, меѓу селата Подлец и Чичево во општна Градско, како и кај градската депонија во Делчево.

Најкритичните пожари се гасат и од земја и од воздух.

На Единствениот број за итни случаи 112, разлика од вчерашниот рекорден број 3.159, во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 2.978 повици.