„Според разговорите кои што ги имавме во НАТО, проценките, калкулациите, некаде околу 1,2 милиони евра ќе придонесува Македонија во буџетот за НАТО“ соопшти вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во гостувањето на ТВ Телма.
Според министерката за одбрана тоа не е голем износ зашто најголемиот дел од инвестирањето во НАТО е инвестирање во одбраната и во нашата армија.




