Дванаесет кривични пријави за пресметката во Мала Речица

Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 12 лица вмешани во крвавата пресметка во четвртокот во тетовско Мала решица во кое беше убиен Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово, и во која потешко биле повредени и други лица меѓу кои е и братот на Реџепи, Сабри, кој  се здобил со повреда на ногата.



„Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “убиство“ и соизвршителство во вршењето на тоа дело, предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РМ, како и две кривични дела ‘убиство во обид’ по член 123 а в.в. со член 19 од КЗ на РМ, до ОЈО Тетово кривично пријавени се лицата: М.Н. (40), М.Х. (34), М.Ф. (23), М.Б. (21), М.И. (21), М.М. (24) сите од село Черкези – кумановско, потоа Р.С. (42), К.Х. (42), Р.Б. (41) тројцата од Куманово, како и Р.Д. (44) од с.Черкези, Љ.Б. (40) од Елбасан (Р.Албанија) и Д.Ф. (22) од село Опае – кумановско. Десетмина од пријавените се предадени на Судија на претходна постапка кој што, пак, на сите дванаесетмина пријавени веќе им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена“, се вели во извештајот од полицијата.

Се уште се трага по лицето Д.Ф., додека лицето М.Ф. поради здобиените тешки телесни повреди е задржано на болничко лекување.

Како што дознава „Expres.mk“ на вооружена пресметка во четвртокот во Мала Речица претходела повеќенеделна расправија меѓу две спротивставени крила на кумановскиот огранок на ДУИ, околу избор на ново раководство на партијата во Градот.

Откако двете ривалски групи не успеале да најдат решение, било предложено гласањето да се одржи во седиштето на партијата во Мала Речица што завршило со вербална раправа а потоа и со огнена пресметка во која Реџепи го изгубил животот.