Дванаесет членки на ЕУ се залагаат за „значително“ намалување на планираната горна граница на цената на гасот во Унијата, додека блокот се обидува да постигне договор за мерката.
Земјите од ЕУ одржуваат итни разговори пред состанокот на министрите за енергетика на 13 декември, но засега земјите-членки остануваат поделени околу планот.
Документот во кој имал увид Ројтерс беше поднесен од Белгија, Хрватска, Грција, Бугарија, Италија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Романија, Словенија и Словачка.
Цените на гасот во Европа пораснаа оваа година откако Русија го намали снабдувањето со гас по нејзината инвазија на Украина, зголемувајќи ги цените на енергијата и поттикнувајќи ја инфлацијата.
Но, додека земјите кои ја поддржуваат границата велат дека мерката ќе ги заштити нивните економии од високите трошоци за енергија, Германија – најголемата европска економија и најголем корисник на гас – и Холандија се спротивставија на ограничувањето на цената на гасот, предупредувајќи дека тоа може да го наруши нормалното функционирање на енергетските пазари и да ги спречи производителите на гас да го испорачуваат толку потребното гориво во Европа.
Најавениот „плафон“ на цената на гасот од 275 евра за мегават час предложен од Европската комисија, за 12-те споменати земји сè уште не е доволно низок.






