Јавното претпријатие за државни патишта информира дека е направен првиот трансфер од 117 милиони евра на нивна сметка кои се за почеток на коридорите 8 и 10Д. Овие пари се наменети за мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување кампови, лабораторија и други работи од страна на изведувачот на работите пред да се започне со градежни активности на трасите велат од ЈПДП.

– Исплатени се средства кон ЈПДП во висина од 7.254.000.000 денари или 117.000.000 евра. Согласно Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година. Со овој Договор се предвидува да се изградат околу 110 километри автопатишта во следните 4,7 години или по 23 километри автопат годишно – велат од Јавното претпријатие за државни патишта.
Инвестицискиот проект во автопат долж коридорите 8 и 10д кој што државата треба да го чини најмалку 1,3 милијарди евра според првичните планирања. Владин проект кој предизвика многу критики кај јавноста. Опонентите на Власта секојдневно со критики за истиот и негативните последици кои произлегуваат од договорот со „Бехтел и Енка“. Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Василево потсети дека во средата Владата со народни пари платила 117 милиони евра, односно 7 милијарди и 250 милиони денари за проект кој никој не го гледа.

Согласно потпишаниот Договор со изведувачот Конзорциумот „Бехтел и Енка“, и владината Програма како период за завршување на работите за сите четири делници е предвиден месец декември 2027 година. Односно, градежните работи на сите овие патни правци треба да завршат за период од 57 месеци. Проектот предвидува изграба на четири автопатски делници: Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требенише – Струга и Прилеп – Битола. Проект со кој според Властите Македонија од кружен тек ќе стане крстосница на Балканот.
Делница 1 – автопат Тетово – Гостивар, со очекувана должина од околу 17,5 км.
Делница 2 – автопат Гостивар – Букојчани, со очекувана должина од околу 30,3 км.
Делница 3 – автопат Требениште – Струга – Ќафасан, со очекувана должина од околу 17,5 км.
Делница 4 – автопат Прилеп – Битола, со очекувана должина од околу 39,3 км.





