Во јавноста деновиве протекоа нови моменти кои ја потврдуваат тенденцијата на големата поп ѕвезда од крајот на минатиот и почетокот на овој век која очигледно била склона кон педофилија. Тие се објавени од еден од поранешните вработени на Мајкл Џексон. Винсент Амин, поранешен член на менаџерскиот тим на пејачот тврди дека од домот на Џексон зел една полна кеса со материјали која го потврдува веќе востановениот став за педофилија на ѕзвездата.
“Тоа што го најдов таму целосно ме шокираше”, вели Амин. “Во торбата имаше еден весник на кој Џексон со црн маркер ги беше означил филмовите што треба да се купат. Еден од нив беше филмот “Нудистички викенд за млади”.
Другиот филм кој пејачот го избрал бил “Татковци, синови и пријатели” што исто се става во таа конотација, а третиот што требало да се земе бил “Голо семејство”, во кој се нуди интересен поглед на животот на нудистичките семејства.
“Тоа не е детска порнографија, но е многу блиску до границата”, изјави за американските медиуми еден неименуван пријател на Џексон.

Пејачот со години, и додека беше жив, а и по смртта беше поврзуван со педофилија, а на интернет кружат сведочења на неговите наводни жртви.
На ранчот Недојдија во 2003. година, по обвинувањата на едно момче дека Мајкл Џексон во неколку наврати сексуално го злоупотребувал, влегоа и претрес правеа 70 полицајци. Џексон во тоа време, во 2005. година беше уапсен, но брзо потоа и пуштен на слобода. Поп иконата почина во 2009. година.





