Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги оцени како брутална лага и манипулација изјавите на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека материјалите објавени на Јутјуб за разговор на пратеникот Антонио Милошоски во кои тој се интересира за пресуда на Врховен суд за неговиот татко, се нови материјали.
„Претпоставувам ќе продолжат и понатаму на Јутјуб да се појавуваат вакви снимки кои што ќе ги коментира Заев. Претпоставувам дека имаат некои работи недокажани со Милошоски.
Во периодот кој следи ќе имаат можност да си кажат многу работи и едниот и другиот“м,изјави Мивлиско како штоп пренесува „Плусинфо“.
Најдобро би било бидејќи бега од мене да излеземе на повторно соочуваме, барем да прифати со Милошоски да си продискутираат. Ние сме фокусирани на 12 април“, рече Мицкоски на новинарско прашање на денешната прес конференција во седиштето на партијата.
Мицкоски уште речле дека за него е неприфатливо пратеник да се јавува на судија за да се распрашува за пресуда за свој близок:
„За мене лично е неприфатливо да може високи официјални лица во државата – политичари, премиери, кој било друг, да интервенираат кај судии, да издејствуваат одлуки на врховни судови каде се носи амнестија, да може да интеревираат преку познанства и пријателства да обезбедуваат рекетираат средства за финансирање медиуми… “, рече Мицкоски.
Тој укажа и на еден нелегално стекнат материјал каде, како што рече, самиот Заев се фали дека по методот трас – трас обезбедил одлука од страна на Врховниот суд, каде самиот вели дека на сите нас ни беше јасно дека ова кое што се случи практично не може да се случи без Заев и власта и дека биле напаѓани од невладините итн, но вели, тоа не му пречи на лидерот на СДСМ да биде носител на листа и кандидат за премиер.






