Словенечката и хрватската полиција разбија меѓународна криминална мрежа вклучена во корупција во спортот, илегални обложувања и обиди за местење фудбалские натпревари во неколку земји, меѓу кои и Србија, Македонија и Чешка.
Според Европол, биле извршени 13 претреси на домови и на 15 возила на различни локации во Словенија и Хрватска, а 11 лица биле уапсени.
„Мрежата создаде илегална веб-платформа со цел да пренесе големи облози на големите азиски букмејкери“, изјавија од полицијата пренесе Асошиетед прес.
Истрагата започнала во март, кога словенечката полиција „откри дека организирана криминална група создала различни веб-страници, како дел од онлајн платформата за илегални обложувања што се користела за облози на манипулирани спортски настани во повеќе европски земји“ велат од Европол.
„Криминалците се осомничени дека се вмешани во обид да местат професионални фудбалски натпревари во Србија, Македонија и Чешка“.
Според Европол, „организираната криминална група што стоела зад овие активности се обложувала првенствено на азискиот пазар, каде што им биле гарантиран значителен финансиски ќар со оглед на тоа што го знаеле крајниот резултат од натпреварите“.
Европската полиција соопшти дека илегалната платформа за обложување била дизајнирана на начин да обезбеди целосна анонимност на финансиските трансакции.
Била воспоставена соработка со други врвни криминални групи во различни земји, со цел да се инвестираат пари стекнати од други тешки кривични дела, вклучувајќи и трговија со дрога“, тврди полицијата.
„Спортската корупција е сериозен криминал и вистински глобален феномен што го спроведуваат организирани криминални групи кои најчесто прекугранично поврзани“, вели Серџи Д’Орси, специјалист за спортска корупција на Европол.





