Вториот возач на Мерцедес Валтери Ботас победи во денешната трка во Формула 1 возена во Шпилберг за Големата награда на Австрија. 27. годишниот Финец водеше од почеток до крај и дојде до вториот триумф сезонава и воопшто во кариерата.
Второто место му припадна на Себастијан Фетел од Ферари, а третото на Даниел Рикардо од Ред Бул. Од подиумот извиси Светскиот првак Луис Хамилтон кој тргна како осми, но максимум му беше пласман на четвртото место. Зад него, но со бодови останаа Раиконен, Грожан, Перес, Окон, Маса и Строл.
Фетел е на чело кај возачите со 171 бод, пред Хамилтон со 151 и Ботас со 136. Кај конструкторите Мерцедес е лидер со 287, пред Ферари со 254 бодови. Новата 10. трка во овој шампионат е следната недела во Силверстоун.





