Корисник на Фејсбук со име Горан Тасев упатил грозоморни закани кон ќерката на новинарот Бранко Героски кој открива детали за аферата Рекет.
Тасев во пораката до Героски на Фејсбук користи зборови кои не можат да се објават јавно но се однесуваат ма полови органи и сексуален акт.
“Дечково бил од Карбинци. Со затворско досие. На 19 октомври лани ја посетил Владата на Република Северна Македонија и се чекирал на Фејсбук”, пишува Героски кој го истражувал лицето што се заканувало.
Тасев на Фејсбук е пријател и со Џабир Дерала сопственик на два медиуми кои ги бранат политиките на Зоран Заев.
На неговата профилна фотографија се Оливер Спасовски и Зоран Заев.





