Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека владејачката СДСМ се соочува со слободен пад на рејтингот, па затоа нарачува анкети од омилената агенција за мерење на јавното мислење, Стратум Рид.



(…)

„СДСм се очигледно нервозни и очајни од рејтингот кој го имаат, па пробуваат самите себеси да се лажат со нарачани анкети.

Впрочем на едно од прашањата за уставните измени збирот дава 104%, што покажува дека целата анкета е во нервоза пишувана.

Но, еве им нудиме можност, ако веќе толку веруваат дека се силни тогаш нека се охрабрат и нека излезат на избори, па да видат колкава доверба уживаат меѓу граѓаните. Изборите се најдобрата и најточната анкета, само уште фали Ковачевски и СДС да имаат храброст“ велат од опозициската партија.