На 22 април 1915 година кај месноста Блатата на патот од Рилскиот манастир за Неврокоп, бил нападнат од заседа и убиен македонскиот револуционер, Јане Сандански.
Бил застрелан во грб со 11 куршуми.
На околу 200 метри источно од Роженскиот манастир се наоѓа црквата Св Свети Кирил и Методиј, изградена од него во 1914 година.
Таму се наоѓа и неговиот гроб.
На надгробната мермерна плоча се изгравирани неговите зборови:
„Да живееш, значи да се бориш. Робот – за слобода, а слободниот – за совршенство”.





