Компаниите објавуваат на кој начин ќе ги распредлат своите добивки остварени во текот на минатата година.
И Прилепсклата пиварница преку Берзата поднесе известување за тоа на кој начин ќе ја распредели својата нето добивка остварена лани, во износ од над 77 милиони денари, или 1,26 милиони евра.
Како што објави компанијата до инвеститорската јавност, помалипот дел ќе биде за дивиденда за акционерите, а поголемиот дел ќе се намени за инвестиции.
Или, за дивиденда за акционерите на обични акции ќе се распредели бруто износ од 15.960.400 денари или 260 илјади евра, како и дел од добивката за инвестиции, односно реинвестирана добивка, на сума од 61.251.828 денари или 996 илјади евра, или што е близу еден милион евра.
„Со оглед на тоа што Прилепска пиварница АД Прилеп во 2022 година остави нето добивка во износ од 77.212.228,оо денари, а во интерес на континуитет на инвестициските вложувања, но и исплата на дивиденда за сопствениците на обичните акции беше одлучено како во диспозитивот односно дел од добивката во износ од 61.251.828 денари да биде задржан за инвестиции (реинвестирана добивка), додека делот од добивката во износ од 15.960.400 денари да биди наменет за дивиденда за акционерите на обични акции“, се вели во соопштението од Прилепска пиварница.
Извор: Фактор.мк







