1.600 полицајци ќе се грижат во Атина да не се случи Мелбурн

Грчката влада е загрижена од можноста за нов бран протести против Преспанскиот договор, на кој се противат 7 од 10 Грци, кои можат да се случат денеска, за време на одржување на воената парада по повод одбележувањето на националниот ден на Грција.



Причина за загриженост се вчерашните екстремни слогани кои биле извикувани пред ученичката парада како и лутите реакции на грчките иселенеци во Мелбурн Австралија  кои вчера го избркаа потпретседателот на грчкиот парламент Јоргос Веременос од манифестацијата во пресрет на 25 март.

Се проценува дека 1.600 полицајци ќе бидат ангажирани за безбедноста во Атина, а полицијата  ќе има засилено присуство и во Солун, Пела, Катерини, Верија, Едеса и Џаница.

Реакциите покажуваат дека оние кои верувале дека гневот од постигнатиот компромис и Преспанскиот договор ќе се намалува со текот на времето, не биле во право, пишува „Ефимирида“.

Весникот потсетува на изјавата на екс-министерот за одбрана, Панос Каменос дека, ако Преспанскиот договор биде потпишан и усвоен од страна на грчкиот парламент, владата „нема да биде во можност да парадира“…