Речиси двојно повеќе Бугари претпочитаат земјата да биде во сојуз со НАТО и ЕУ отколку што би избрале сојуз со Русија, покажуваат податоците на национално репрезентативно истражување на јавното мислење на иницијатива на Институтот отворено општество. – Софија (IOOS), пренесе Њуз.бг



Во истражујвањето спроведено во јули годинава – година и пол по почетокот на руската инвазија на Украина – околу 45 отсто од испитаниците изразиле мислење дека Бугарија треба да се позиционира во сојуз со земјите од НАТО и ЕУ во случај на нова поделба во Европа како онаа од времето на Студената војна.

22%, од друга страна, прогласуваат сојуз со земји како Русија и Белорусија. Други речиси 4% би сакале неутралност/независност, а 1% се за независност/одбрана на националните интереси.

Скоро 30% се изјасниле дека не можат да проценат или да одговорат на прашањето.