Илјада долари за дестилирана вода со етикета од „Фајзер“ вакцина

Лажни вакцини „Фајзер“ биле пронајдени во Мексико и Полска, јави The Wall Street Journal.



Во февруари, полицијата во мексиканската држава Нуево Леон приведе шест лица откако изврши претрес на клиника каде биле вакцинирани со лажна вакцина: ампулите содржеле дестилирана вода. Една доза чинела околу 1.000 долари.

Вакцинирани се околу 80 лица, без штета на нивното здравје.

Фалсификатот, откриен во јануари во Полска, најверојатно бил средство против брчки. Човекот кој се подготвувал да ја продаде фалсификатот е обвинет за измама.