0 % од буџетот за војна со аерозагадувањето, на СДСМ, ДУИ и АА не им пречи смртта од загадениот воздух

Невладината организација О2 објавува дека 0 % од државниот буџет е наменет за војна со аерозагадувањето што укажува дека на СДСМ, ДУИ и АА не им пречи смртта на илјадници македонски граѓани од загадениот воздух.



,,Пратениците со 63 гласа „за“ го донесоа мастодонтскиот Буџет за 2024″, објавува организацијата која дава конкретни и трагични бројки за Македонија:

🔴 Од вкупно €6.32 МИЛИЈАРДИ, на заштита на животна средина се планирани само 0️⃣.83%, од кои за конкретно намалување на аерозагадувањето, од кое гинеме секоја година како покосени и се разболуваме од лепеза на болести, одвоени се €0️⃣ (нула)❗️

◼️ Илјадници починати годишно – 0️⃣ (нула) денари за итно справување со овој страшен проблем кој според Светска Банка и бројот на починати нè чини во просек помеѓу $1 – $2 МИЛИЈАРДИ годишно.
Толку од приоритетите кога станува збор за нашето здравје, за нашите животи, а и за нашите пари.

Од даноците собрани за животна средина (според Државен завод за статистика), ✅ над €230 МИЛИОНИ годишно, €0️⃣ (нула) се одвоени за намалување на аерозагадувањето.

◾️ За МЖСПП се одвоени €43М, од кои од основниот буџет 1 се одвоени само €10М за конкретни проекти, главно за водовод и канализација. Уште €5М се предвидени од основниот буџет 2, €11М од заеми и €8М од донации.

⚠ Од приходите кои се генерираат, најголем дел одат на пензии, плати и надоместоци и отплата на долгот. 22% од вкупните приходи се од ново задолжување.

🟥 Соодносот пензионер – вработен во 2021 година бил 1:1.74.
Работоспособни граѓани ни се иселуваат, поради нискиот квалитет на живот, поради загадениот воздух, ама пари за тоа нема.

◼️ Ако со ова темпо ги решаваме проблемите кои им се битни на граѓаните, нема кој да остане да работи во земјава, а тие што ќе останат ќе си умираат прерано.

Буџетот го гласаа само пратениците на владеачката коалиција на СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците кои ги отфрлија сите амандмани на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои со собранието ги застапуваат невладините во борба против аерозагадувањето.