На Миле Јовановски, денеска му е изречена казна затвор во траење од шест месеци, откако претходно призна вина за физичката пресметка со спседот, свештеникот Виктор Стојчев.



Јовановски денеска не беше во судницата на изрекување на пресудата.

На 7 јануари 2017 година, Јовановски физички го нападнал Стојчев по расправија за паркинг место, по што му нанел физички повреди, од кои и скршеница на зглобот на ногата.