Социјалистичката партија на Албанија, на премиерот, Еди Рама, денеска одлучи да отпочне постапка за импичмент на претседателот на државата, Илир Мета.
Причина, одлуката на шефот на државата да ги одложи локалните избори за кои премиерот Еди Рама инсистира да се одржат на 30 јуни а на што се противи здружената опозиција во земјата која во февруари го напушти парламентот.
Постапката за импичмент на претседателот се очекува да почне во четврток.





