Големото засилување за македонскиот национален машки кошаркарски тим не тренира по враќањето од Приштина, како што всушност поради повреда не тренираше и во поголемиот дел од подготовките, и не играше во неколку пријателски. Значењето на Теодор се виде против Косово кога беше наш најефикасен играч во средата кога загубивме (72-68) и евентуално негово отсуство од натпреварот со Естонија утре во Скопје може да биде огромен хендикеп.



„Имаме проблеми со Џордан, кој прима инфузија и ги пропушти последните три тренинга, но се надевам дека ќе биде подготвен да настапи во мечот со Естонија“, призна селекторот Јорданчо Давитков кој ако треба, ако биде нопходно ќе бара алтернатива во младиот Бобан Стајиќ.

Македонските кошаркари утре (20.30) во арената Борис Трајковски во Скопје мора да ја победат Естонија ако сакаат пласман на едно од првите две места во групата Ц од претквалификациите за Светското првенство. Тие водат во квалификациите, а според прелимираните проценки нам ни требаат барем две победи.