Профил на социјалната мрежа Х поранешен Твитер кој објавува информации за состојбата во Газа и Сирија пренесува порака до Албанците во Косово, Албанија и Македонија и бара помош од нив.
Во пораката се вели дека во Газа во моментов има Албанци кои се дел од војната со Израел и дека Албанците не треба заради победата во Сирија да се заборави на страдањата на муслиманите во Газа.
„Ова е порака до нашите браќа муслимани во Албанија, Македонија и Косово.
Драги мои, ја видовме вашата поддршка за вашите угнетени браќа во Газа, Сирија и сите други муслимански земји. Ова е порака до вас денес од Газа:
Не дозволувајте победата на Алах за муслиманите во Сирија да ве натера да ги заборавите страдањата на вашите браќа овде, убиствата, раселувањето, смртта и гладот. Вашите браќа овде во Газа се со вас, затоа не нѐ заборавајте нас“.
Порака од вашите браќа од бригадата Тавхид во Газа”, стои во пораката која ја пренесуваат повеќе профили.
Според јавно достапните информации Џахафил Ал-Тавхид Вал-Џихад фи Филастин (арапски: جحافل التوحيد والجهاد في فلسطين, во превод „Армиите на монотеизмот и џихадот во Палестина“ е сунитска исламистичка палестинска група во Појасот Газа и на полуостровот Синај.
Основањето на групата било јавно објавено на 6 ноември 2008 година, со коминике во кои се ветува лојалност на Ал Каеда, откако ги „примила пораките од Осама бин Ладен и Ајман Ал-Завахири“.
Различни форми на „Тавхид ал- „Џихад“ се појавиле во врска со последните случувања во Појасот Газа.
Големината на групата не е јавно позната. Групата нема пријавено напад од 2012 година и се смета за нефункционална.
Во одговорите на пораката најголем дел од Албанците одбиваат поддршка за милитантната група која се залага за Шеријатски закони.






