Познатиот американски забавувач и стенд ап комичар Џими Кар вчера одржа свое шоу во Скопје од каде објави твит и иницираше жестока дебата во која Грци го убедуваат дека не ја говори вистината.
Кар вели дека дошол во домот на Александар Македонски.
,,Јас сум во Скопје, Македонија – домот на Александар Велики, кој, интересно, го има истото средно име како Вини Пу 🇲🇰”, напиша Кар на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.
Кога вели дека Вини Пу и Александар Велики имаат исто средно име Кар се шегува со членот the кој се користи во англиската верзија на имињата Alexander The Great и Winnie The Pooh.
Вообичаено кога некој странец ќе признае дека Македонија е домот на Александар Велики веднаш се јавуваат голем број Грци кои тврдат дека Грција е татковината на најголемиот светски освојувач.






