На предлог на Министерството за надворешни работи, се очекува Владата да го разреши Џејсон Мико од позицијата почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона, САД , на која беше именуван во 2013 година, дознава БИРН.
Американецот Џејсон Мико пишуваше колумни во „Дневник“, каде се потпишуваше како „менаџер за односи со јавноста од Аризона (САД) и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во југоисточна Европа“. Важи за поддржувач на политиките на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.




