Кантри ѕвездата Џејсон Алдеан изјави дека ќе ги откаже трите концерти оваа недела во чест на жртвите од најкрвавиот напад во современата американска историја, откако  вооружен напаѓач отвори оган врз публиката за време на неговиот концерт  во Лас Вегас.
Aлдеан ги откажа концертите во Лос Анџелес, Сан Диего и Анахејм, Калифорнија, кои беа дел од неговата турнеја. Турнејата ќе ја продолжи на 12 октомври со концерт во Тулса, Оклахома, а за откажаните концерти средствата ќе им бидат вратени на посетителите.




„Мислам дека треба да го направам ова од почит кон жртвите, нивните семејства и нашите обожаватели“, рече Алдеан.

И пејачката Џенифер Лопез ги одложи своите концерти поради нападите во Лас Вегас.

„Џенифер е многу тажна за оваа трагедија, нејзините мисли и молитви се со жртвите и нивните семејства“, објавија нејзините агенти.