„Како најголема опозициона партија во Собранието, го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да игра конструктивна улога во зајакнувањето на демократските процеси и владеењето на правото, како и во унапредување на односите со соседите. САД очекува продолжување на соработката со Македонија, како со владата така и со опозицијата“, порача вчера американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.
Амбасадорот Бејли му го честиташе изборот на Христијан Мицковски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ и му порача да соработува на зајакнувањето на демократијата, владеењето на правото и подобрување на односите со соседите, дознава НоваТВ.
Во честитката уште се додава дека стапувањето на Мицкоски на таа функција доаѓа во време на можност за голем напредок на Македонија во насока на аспирациите за безбедност, просперитет и инклузивна демократија, целосно интегрирана во НАТО и ЕУ.





